May 23rd, 2010

Проверка и чистење на патеката за релито

Вчера е помината целата патека за релито и местата на кои што имаше препреки (дрва, снег, останато) се исчистени со помош на механизацијата испратена од Општина Крива Паланка.

May 18th, 2010

Проверка на Трасата за Рели Калин Камен 2010г. – 17 Мај 2010г.

Вчера ние четворицата, Спасе Алексовски, Оливер Стевановски, Сашо Митовски и Горан Цветковски требаше да ја поминеме трасата по која што треба да се вози релито идната недела. Времето беше одлично за ваква активност, не врнеше, патот со мали исклучоци беше во ред.

May 18th, 2010

АГЕНДА ЗА РЕЛИ КАЛИН КАМЕН 2010

24.05.2010г. Понеделник
07.00–08.30 Дочек и пријавување на учесниците на плоштадот во Крива Паланка.
Пријавување/верификација  на учесниците;
Поделба на стартни броеви;
Потпишување на кодекс на однесување;
Поделба на рекламен материјал и карта со обележаната траса;

May 18th, 2010

Пресконференција за Медиумите

Денес е закажана пресконференција со претставници на медиумите и на увозниците на автомобили во канцелариите на ЗЕЛС во 12 часот.

На пресконференцијата ќе биде објавена агендата на настанот.

May 14th, 2010

Напомена за пријавувањето

ВАЖНО: Пријавите за учество на Релито се примаат до 20 Мај 2010г.

Котизацијата за учество изнесува 600 денари по возило и треба да се уплати на следнава жиро сметка:

May 10th, 2010

Правилник за Рели Калин Камен 2010г.

1. Општи правила

1.1. Организација

2-то Рели  Калин Камен  представува  ОФФ  РОУД – туристичко  возење со теренски возила 4 х 4, совладување на препреки низ тешко проодни терени низ Осоговието организирано од страна на Авто Мото Клубот ОФФ-РОУД ОСОГОВО   од Крива Паланка, како и општината Крива Паланка.

May 10th, 2010

Мапа на Офроад Рели Калин Камен 2010г.

Ова е Мапата на овогодинешното оф-роад рели Калин Камен 2010г.

May 10th, 2010

Џип рели – Калин Камен 2010г.

Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод денот на словенските просветители Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ од Крива Паланка по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели „Калин Камен“ под мотото „Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.