Проверка на Трасата за Рели Калин Камен 2010г. – 17 Мај 2010г.
Вчера ние четворицата, Спасе Алексовски, Оливер Стевановски, Сашо Митовски и Горан Цветковски требаше да ја поминеме трасата по која што треба да се вози релито идната недела. Времето беше одлично за ваква активност, не врнеше, патот со мали исклучоци беше во ред.
Патеката ја снимавме со два GPS уреди Garmin Nuvi 200 i Garmin Nuvi 255 со кои Горан Цветковски покасно ќе изработи висински профил на патеката како и GPS мапа која што ќе можат да ја користат сите кои што иамат компатибилни уреди. За повеќе информации посетете ја следнава страница или контактирајте го Горан Цветковски.
На едно место од патот пред да се дојде до Острец во село Мождивњак требаше да почекаме да се тргнат дрва од патот и потоа продолживме нагоре. Некаде во близина на Дренак, наидовме на паднато дрво – Даб – Благун на патот и мораше самите да го искастриме за да може да се помине со џипот.
Нагоре, до околу 1600 метри надморска височина времето беше добро а околу нас имаше траги на неодамнешните обилни врнежи од дожд, дури можеше да се видат и ниви посеани со компири а компирите измиени на блискиот пат. Инаку, се поминува покрај границата со Општина Кратово, на еден дел од делницата во далечина може да се види хидросистемот Злетовица и неговата брана, езеро уште нема бидејќи системот уште не е пуштен во работа. Може да се видат и врвовите Костадиница, Калин, Камен, Лисец, во далечина се наѕира Царев Врв, надолу накај Крива Паланка може да се видат четирите мостови за сеуште недовршената железничка пруга како и поголем дел од полето.
Од таа надморска височина – 1600м. веќе можеше да се види и свежо паднат снег на повисоките околни врвови и на делницата пред нас.
Како одевме нагоре, повисоко, стануваше се по ладно и потемно, за да веќе на околу 1800 метри надморска височина не дочекаат силен ветер, снег и прилично ладно време.
Продолживме до триесетиот километар од трасата за релито каде што наидовме на голем снежен нанос на патот во должина од 20-30 метри каде што целиот пат беше затрупан од снег и беше невозможно да се продолжи со џипот.
Од тука продолживме уште 1-2 километри пешки за да видиме дали и понатаму има слични снежни наноси на патот и решивме дека е најдобро да се вратиме назад и да побараме машина за да може патот да биде прооден за релито.
На враќање се спуштивме до село Метов а од тука преку село Дурачка река во Крива Паланка.
Целата помината делница ќе Ви биде презентирана покасно тука.
Со нас од „модерните технологии“ носевме два дигитални апарати, една камера, и два GPS уреди, но за камерите и апаратите снемавме батерии дупи и пред да дојдеме до крајната дестинација.
За друг пат ќе мора да се носат повеќе батерии
Еве и неколку слики од вчерашните доживувања:












Decki trasata e bonbon za off road…..Pa neli toa se traze a plus i snegot e kako kec na desetka ….mh mh mh ……..ve cekame na carev vrv nemojte da mi ispozaglavite nekade
hahahah se salam…..poz od mk osogovski vozaci