Posts Tagged ‘offroad’

April 4th, 2011

Правилник за Рели Калин Камен 2011г.

1. Општи правила

1.1. Организација

3-то Рели  Калин Камен  представува  ОФФ  РОУД – туристичко  возење со теренски возила 4 х 4, совладување на препреки низ тешко проодни терени низ Осоговието организирано од страна на Авто Мото Клубот ОФФ-РОУД ОСОГОВО од Крива Паланка, како и општината Крива Паланка.

April 3rd, 2011

Круг околу Крива Паланка 2010

Караванско возење околу Крива Паланка во траење од два дена, вкупна километража 180км, неверојатно убави предели, досега ретко од кого пројдени, првиот ден се вози во Осоговските планини покрај границата со Р. Бугарија и Р. Србија и тоа се поаѓа од Крива Паланка па следи с.Узем – с. Трново – с. Мала Црцорија – Тромеѓе (Р. Македонија – Р. Бугарија – Р. Србија) – Голеш – Крстов дол – с. Подржи коњ – Ретки буки – Преслап (с. Метежево) – врв Биљино – с. Петралица – с. Гиновци – Крива Паланка Вториот ден се вози од Крива Паланка – Калин камен – Слана бара – Бабина чешма – с. Дренак – брана Злетовица – Костадиница – Крива Паланка

April 3rd, 2011

Offroad rally “Kalin Kamen 2010″

Оффроад релито „Калин Камен 2010г.“ успешно се оддржа со огромен број на учесници, имаше повеќе од 70 џипови, 30 крос мотори и АТВ-а. Настанот беше проследен од новинари и ТВ екипи.

May 23rd, 2010

Проверка и чистење на патеката за релито

Вчера е помината целата патека за релито и местата на кои што имаше препреки (дрва, снег, останато) се исчистени со помош на механизацијата испратена од Општина Крива Паланка.

May 10th, 2010

Џип рели – Калин Камен 2010г.

Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод денот на словенските просветители Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ од Крива Паланка по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели „Калин Камен“ под мотото „Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.